19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon инвестира во компанијата за смартфони на креаторот на Android

Amazon инвестира во компанијата за смартфони на креаторот на Android

„Alexa Fund“ на „Amazon“ и кинескиот гигант „Tencent“ инвестираа вкупно 300 милиони долари во „Essential“ – новата компанија за смартфони на креаторот на оперативниот систем „Android“, Енди Рубин.

Ова е втор пат, во кој „Amazon“ се обидува да влезе на пазарот на паметни телефони. Во 2014-та година беше претставен првиот паметен телефон на „Amazon“ кој се нарекуваше „Fire“, но целиот потфат не го оствари очекуваниот успех и наскоро стана голем неуспех за компанијата.

Енди Рубин е коосновач на „Android“, пред да го продаде на „Google“. Првиот смартфон под новиот бренд „Essential“ беше претставен во мај оваа година, а како што беше наведено требаше да се појави на пазарот во текот на месец јуни.

Тоа така и не се случи, а од „Essential“ не даваат дополнителни информации кога точно ќе го пуштат својот прв модел, освен тоа дека тој ќе се продава преку платформите на „Amazon“ и „Best Buy“.

Засега не е јасно зошто „Tencent“ и „Amazon“ инвестираат во „Essential“ која доживува тешки времиња, а уште пред дебито на својот прв производ компанијата беше напуштена од неколку раководни кадри. Најверојатно инвестицијата на „Amazon“ е со цел нивниот гласовен асистент да се продава со новите смартфони, на кои ќе биде пре-инсталиран.

„„Essential“ има целосна визија и искуство во однос на поврзаните уреди со кои ја интегрираат говорната технологија по нови начини“, велат од „Amazon“ за „CNBC“.

„Возбудени сме да ја видиме „Alexa“ како дел од таа визија, каде интеракцијата со технологијата е лесна, корисна и создава интерфејс, кој може да послужи на другите да ги надополни иновациите врз база на него. Гледаме напред што ќе излезе од оваа колаборација“, додаваат од компанијата.

Од „Tencent“ засега не одговориле на барањето за коментар на оваа тема.

Со овој потег „Amazon“ влегува на пазарот кој веќе одамна има свои лидери, во лицето на „Apple“ и „Samsung“. Со нивната конкуренција не може да се справат дури етаблирани брендови, како „LG“, „HTC“ и „Lenovo“.

Првиот смартфон на „Essential“ кој ќе го носи името на компанијата, ќе се нуди по цена од 699 долари.

Меѓу другите инвеститори во компанијата се „Redpoint“, „Playground“, „Access Technology Ventures“, „VY Capital“, „Altimeter Capital“ и „Foxconn“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП