Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,582.40 0.81%    GRNT 855.55 -0.33%    KMB 2,829.75 -0.06%    MPT 28,600.00 -1.38%    OHB 5,475.43 -0.45%    RZUS 120.00 -6.25%    STB 943.41 0.29%    TEL 272.00 -0.37%    TNB 13,491.54 -0.04%    TTK 826.42 0.4%    ZPKO 2,635.00 0.15%    

Германска компанија бара инвеститори за гасовод, поврзан со Северен поток 2

Време: 14:18

Датум: август 10, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Германскиот оператор за пренос на гас „Gascade Gastransport“ води преговори со инвеститори за да привлече средства за новиот гасовод кој ќе пренесува повеќе руски гас директно до Европа, соопштува „Bloomberg“.

„Gascade“ е во контакт со потенцијални партнери за 485-километарската германска гранка на „Северен поток 2“, изјави Татјана Бернер, портпарол на компанијата со седиште во Касел која е заедничка сопственост на рускиот „Газпром“ и германската „BASF“. Таа одбила да обезбеди информации за инвеститорите за проектот познат како „Eugal“.

„Gascade“ бара инвестиции во момент во кој американските санкции против Русија се закануваат на голем број енергетски проекти, вклучувајќи го и „Северен поток 2“ – гасоводот, кој ќе и овозможи на „Газпром“ да испорачува гас кон ЕУ по втор директен пат под Балтичкото Море до Германија. „Eugal“ кој започнува од балтичките брегови на Германија, е планиран да започне со работа во 2019-та година и главно ќе пренесува природен гас од „Северен поток 2“ до Полска и Чешка.

„Веројатно ќе имаше „војна“ од понуди, ако не постоеше политичка несигурност околу „Северен поток 2““, вели Валтер Болц, европски енергетски консултант и поранешен шеф на австрискиот енергетски регулатор „E-Control“. „Проектот е интересен за операторите на гасоводи, кои треба да работат со потоци од „Северен поток 2““.

„Gascade“ ќе остане единствен градител на проектот, чие создавање ќе чини помеѓу 1 и 3 милијарди евра, вели Бернер.

„Газпром“ и „Wintershall“ – енергетската поделба на „BASF“, не одговориле на барањата за коментар.

„Eugal“ ќе има годишен капацитет од 51 милијарди кубни метри, а „Северен поток 2“ ќе додаде 55 милијарди кубни метри годишно.

Германскиот енергетски регулатор „Bundesnetzagentur“ отфрлил проекти во план за развој на националната мрежа поврзани со „Северен поток 2“, додека гасоводот не ги добие сите национални одобренија.

„Eugal“ најверојатно ќе биде вклучен во следниот предлог за развој на германскиот гас во февруари 2018-та година, посочува здружението на германски оператори на гасоводен систем „FNB Gas“. Кога проектот биде одобрен од германскиот регулатор, сопствениците на гасоводот ќе можат да заработат дивиденди до 6,9% од капиталот, собирајќи такси за мрежата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Goldman Sachs забележа пад на профитот во третиот квартал

    Goldman Sachs забележа пад на профитот во третиот квартал

    Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ забележа 3% пад на профитот за третиот квартал, соопшти „Ројтерс“, а растот од инвестициското банкарство беше засенето од послабите приходи…

  • 10 години Илирика во Македонија: Продолжување на трендот на отворање на можностите

    10 години Илирика во Македонија: Продолжување на трендот на отворање на можностите

    Илирика како врвна финансиска институција која нуди високо ниво на инвестициски услуги во Македонија прослави два јубилеја, 10 години во Македонија и 25 години од…

  • Lufthansa прави бум на небото: Посакува уште еден гигант

    Lufthansa прави бум на небото: Посакува уште еден гигант

    Германската авиокомпанија „Lufthansa“ подготвува понуда од 500 милиони евра за купување на голем дел од банкротираната италијанска компанија „Alitalia“. Понудата ја вклучува флотата, пилотите и…

  • Indiegogo отвора онлајн продавница во својата платформа

    Indiegogo отвора онлајн продавница во својата платформа

    На 9-годишниот веб-сајт „Indiegogo“ се менува. Стартапот веќе нема да може да собира средства преку платформата, но тие исто така ќе може да ги продаваат…

  • Британска компанија за дигитален маркетинг се шири во Македонија

    Британска компанија за дигитален маркетинг се шири во Македонија

    SoPro, агенција за дигитален маркетинг со седиште во Обединетото Кралство, кoja веќе две години има подружница во Македонија, најавува дека во текот на следните месеци…

  • Апсења за аферата „Агрокор“, Тодориќ не е во Хрватска

    Апсења за аферата „Агрокор“, Тодориќ не е во Хрватска

    Четворица поранешни клучни раководители на концернот „Агрокор“ во Хрватска се уапсени во полициската акција којашто почна рано утрово, во рамки на истрагата што се води…

  • Газпром со зголемено производство на гас од почетокот на годината со над 18%

    Газпром со зголемено производство на гас од почетокот на годината со над 18%

    Газпром со зголемен производство на гас од 1-ви јануари до 15-ти октомври со 18,4 отсто до 361,1 милијарди кубни метри во однос на истиот период од…

  • Повеќе од 500 компании ја напуштиле Каталонија

    Повеќе од 500 компании ја напуштиле Каталонија

    Во моментот на референдумот, определен од централната власт во Мадрид за незаконски, 540 компании ја напуштиле Каталонија менувајќи ја својата правна адреса, соопштува „РИА Новости“,…

  • Потегот на Безос кој ќе ги израдува Британците

    Потегот на Безос кој ќе ги израдува Британците

    Американската компанија за онлајн трговија „Amazon“ соопшти дека планира отворање на нов дистрибутивен центар во 2018 година во Болтон, на северозападот во Англија. Од „Amazon“…

  • Tesla отпушти стотици вработени во текот на изминатата недела

    Tesla отпушти стотици вработени во текот на изминатата недела

    Американскиот производител на луксузни електрични автомобили „Tesla Inc“ отпушти околу 400 вработени оваа недела, вклучувајќи соработници, тимски лидери и супервизори. Ова беше објавено од страна…