Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,810.00 -0.05%    GRNT 869.15 2.4%    KMB 2,949.90 2.45%    MPT 30,800.00 0%    MTUR 4,554.05 1.2%    OKTA 3,700.00 -2.63%    STB 932.41 -1.23%    STIL 135.00 0%    TEL 280.00 -0.06%    UNI 2,144.67 -2.51%    

Japan Display подготвува голема сеча на вработените

Време: 10:32

Датум: август 10, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Компанијата „Japan Display“ соопшти дека ќе угаси 3,700 работни места, што е околу 30 проценти од нејзината работна сила.

Овој производител на екрани за паметни телефони забележа загуба во изминатиот квартал.

Наведувајќи дека на пазарите владее жестока конкуренција, компанијата од Токио прецизирање дека ќе угаси 3,700 позиции во фабриките во странство и уште 240 работни места во Jапонија, пренесува агенцијата АФП.

Се очекува дека отказите, кои опфааат речиси 30 проценти од вкупно 13.100 работници, ќе и донесат на компанијата годишна заштеда од 50 милијарди јени (455 милиони долари).

„Japan Display“ беше креирана во 2012 година со спојување на одделениjата за производство на LCD екрани на компаниите „Hitachi“, „Sony“ и „Toshiba“, и заостанува зад своите странски ривали, бидејќи оваа индустрија се заврте кон новите технологии.

„Во вакво опкружување, „Japan Display“ има вишок производен капацитет кој претставува значаен товар за фиксните производни трошоци на компанија. Затоа компанијата утврди дека мора да го реформира својот производен систем, за да го прилагоди пазарот кој се менува и да го намали нивото на фиксни трошоци“, се наведува во соопштението.

Денешното соопштение доаѓа откако компанијата прокнижи нето загуба од 31,5 милијарди јени во кварталот април-јуни, шт е речиси три пати повеќе од загубата заблежана во истиот квартал минатата година, додава француската агенција.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • McDonald’s затвора 169 продажни места во Индија

    McDonald’s затвора 169 продажни места во Индија

    „McDonald’s India“ најави дека ќе затвори 169 продажни места во северна и источна Индија, откако американскиот ланец на ресторани за брза храна одлучил да го…

  • ЕК започна темелна истрага за договорот меѓу Bayer и Monsanto

    ЕК започна темелна истрага за договорот меѓу Bayer и Monsanto

    Европската комисија (ЕК) започна темелна истрага на планираната зделка за купување на американската група за семиња „Monsanto“ од германската „Bayer“ поради загриженоста за конкуренцијата на…

  • Назад во училиште со позитивните пораки на OKAIDI

    Назад во училиште со позитивните пораки на OKAIDI

    Францускиот бренд за деца Оkaidi го прославува почетокот на училиштето со пораки за позитивни мисли и чувства, добро расположение, меѓусебно помагање, толеранција и оптимизам. Овие…

  • Новиот кредит од Форца, всушност не е кредит!

    Новиот кредит од Форца, всушност не е кредит!

    Ви се расипала машината за перење или ви треба поправка на автомобилот? Сакате на одмор, а се уште не сте зеле плата? Заглавивте во неплатени…

  • Дали знаете колку чини “гуглање” на iPhone?

    Дали знаете колку чини “гуглање” на iPhone?

    Google плаќа на Apple дури 3 милијарди долари годишно за нивниот пребарувач да биде примарен на IOS уредите. Аналитичарите проценуваат дека Google плаќа годишно на Apple околу 3…

  • „Џонсон и Џонсон“ на жена болна од рак треба да и плати 417 милиони долари отштета

    „Џонсон и Џонсон“ на жена болна од рак треба да и плати 417 милиони долари отштета

    Судот во Лос Анџелес ѝ нареди на компанијата „Џонсон и Џонсон“ да исплати 417 милиони долари на жена болна од рак, која успеала да докаже…

  • Нова ера на џинсот во CELIO*

    Нова ера на џинсот во CELIO*

    Фармерките се есенцијален дел од машката гардероба – лежерни, шик или пак во спортска варијанта . Дизајнирана за да ги задоволи потребите на купувачите, нивниот…

  • Total го презема Maersk Oil за 7,45 млрд долари

    Total го презема Maersk Oil за 7,45 млрд долари

    Француската енергетска компанија „Total“ го купува данскиот „Maersk Oil“, со трансакцијата вредна 7,45 милијарди долари, од која во „Total“ очекуваат дека ќе им ја зголеми…

  • Кинези го купуваат Fiat?

    Кинези го купуваат Fiat?

    Кинеската компанија „Great Wall Motor“ наскоро ќе упати официјална понуда за преземање на компанијата „Fiat Chrysler“, односно, како што пренесува Ројтерс, „заинтересирана е за сите…

  • ЗК Пелагонија АД Битола прокнижи висока загуба за периодот јануари-јуни 2017 година

    ЗК Пелагонија АД Битола прокнижи висока загуба за периодот јануари-јуни 2017 година

    ЗК Пелагонија АД Битола за периодот јануари-јуни 2017 година прокнижи загуба од околу 110 милиони денари. Подоле е објаснувањето на компанијата за сработеното во првото…