25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДефиниција за стилот и луксузот - Buckland Manor (фото)

Дефиниција за стилот и луксузот – Buckland Manor (фото)

Сместена на имот од 10 хектари со прекрасно уредени градини, оваа вила која потекнува од тринаесетиот век, претставува вистинска дефиниција за луксузот и стилот…

Во неа е претставен вистинскиот британски луксуз, при што таа го носи називот Buckland Manor. Таа и понатака е во приватна сопственост, а се наоѓа во близина на бројни атракции и места кои треба да се посетат.

Кога ќе ја здогледате ќе заборавите на се друго што постои, а тоа е така бидејки ќе ве опие нејзиниот старомоден, гламурозен и неверојатно квалитетен изглед.

Ендру и Кристина Браунсворд, сопствениците на овој имот го претворија во хотел, кој на гостите им дава прилика да прошетаат по античките патеки, преку неверојатните градини, со шолја чај и префинети аперитиви. Терасата која е дел од овој имот е совршено место за уживање во текот на било кој период од денот.

Со 13 елегантни спални соби, кои се поделени во осум категории и се движат од класични до Super King соби, оваа вила нуди луксузни постелнини, префинети парчиња мебел, антиквитети и уметнички дела.

Нормално, за да ги импресионира своите гости со секој аспект, оваа вила содржи и префинет ресторан, кој своите оброци ги подготвува од локално одгледани состојки и свежи билки. Најдобрите вина се кријат во визбата, а совршено ќе ви бидат послужени при секој оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП