23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИдеално место за сите оние кои чезнеат за вистински одмор (фото)

Идеално место за сите оние кои чезнеат за вистински одмор (фото)

Ако сте во потрага за мир и тишина, односно место на кое ќе можете да заборавите на сите свои грижи, спектакуларниот Casa Chameleon е вистинска дестинација за вас…

Овде нема дистрикција на модерниот свет, односно телевизијата, интернетот и другите нешта кои ви го реметат одморот. Супериотното одморалиште може да би понуди изобилие од забавни активности, а се наоѓа на јужниот дел од Никоја полуостровот, каде природата во целост е магична и речиси недопрена.

Не се грижете – нема во целост да бидете отсечени од цивилизацијата иако многумина од вас токму тоа би го сакале. Ако посакате малку акција, обиколните села Санта Тереса и Плаја Хермоса се некои од најдобро чуваните тајни на Костарика, а се наоѓаат на многу мала одалеченост и лесно се достапни.

Ова одморалиште во својата понуда има само десет ексклузивни вили, при што секоја од нив е изградена така што го зголемува погледот кон океанот кој ја смирува душата и телото со помош на прозорите од подот до таванот. Исто така, секоја вила има свој приватен базен, кој дополнително ќе ви ги разубави деновите кои ќе ги поминете овде. Елегантниот декор, кинг креветите, климата и прекрасната приватна тераса со лежалки исто така се дел од привлечноста на ова место, па најверојатно ќе побарате начин како да останете засекогаш овде.

Што се однесува на заедничкиот, односно друштвениот простор, одморалиштето ви нуди голем заеднички базен со бујни градини и поглед кон океанот, како и интиммен ресторан со кујна од отворен тип и трпезариски ден на отворено. На располагање ви е и барот покрај базенот, кад релаксирачките разговори се проследени со врвни коктели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП