25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го препознаете лошиот работник пред да го вработите

Како да го препознаете лошиот работник пред да го вработите

Кога новиот вработен доцни на работа и ја користи секоја прилика да не работи, јасно е дека неговото вработување било лош потег. За во старт да избегнете такви грешки, постојат пет начини како да го препознаете лошиот работник пред да го вработите.

Вклучете ги другите челнови од компанијата во одлуката

Кога станува збор за приватен бизнис, сопствениците сакаат да одлучуваат за се. Но, во одлуката за вработување би требало да ги вклучите и другите луѓе бидејќи можеби некој од соработниците ќе воочи нешто што вие не сте успеале да го воочите.

Проверување на препораките

Проверете ги препораките на кандидатот и контактирајте со личноста која ја пишувала препораката со цел да дознаете нешто што не се наоѓа во неговото CV.

Изгуглајте го кандидатот

Повеќе луѓе се присутни барем на една социјална мрежа, па воопшто нема да ви шкоди доколку кандидатот го проверите и на овој начин, дури и ако интервјуто одлично прошло.

Следете го инстиктот

Не сакате да вработите некој кој ќе биде товар на компанијата и ќе создава трошоци. Посоветувајте се и разменете ги впечатоците со другите вработени, но на крајот водете се од инстинктот. Запрашајте се дали кандидатот е позитивен и проактивен или негативен и бавен.

Тешки прашања

При интервјуирањето на кандидатот за работа не се срамете да поставите тешки прашања. Нормално не за приватниот живот на кандидатот, но јасното искажување на ставот за некоја проблематика може да покаже различно расположение и работни способности на кандидатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП