29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook ќе почне да цензурира

Facebook ќе почне да цензурира

cenzura-facebook

Компанијата „Facebook“ одлучи да ги отстрани видео-содржините кои прикажуваат непримерни содржини како што се видео-снимките на кои има насилство, содржини со материјали за возрасни и другите материјали за кои ќе сметаат дека не се за споделување со јавноста.

На овој потег „Facebook“ се одлучи по острите критики кои ги добија од страна на „BBC“, но со ова ја донесоа во прашање политиката на работа на оваа друштвена мрежа.

Инаку првобитно „Facebook“ ги одбиваше желбите на своите корисници за бришење на слични видео-клипови, нагласувајќи дека и самата цел на оваа компанија е да ги зачува правата на корисниците да го опишуваат и коментираат светот и случувањата во него. Но сепак поради големите притисоци од страна на јавноста се одлучија на ваквиот потег.

„Facebook“ најави дека ќе оддржи состанок на кој главна тема ќе дали е потребно да се проширува цензурата и да се воведе во некои други сегменти или да останат на моменталната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП