20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСам свој шеф или вработен: Зошто понекогаш е подобро да бидете ова...

Сам свој шеф или вработен: Зошто понекогаш е подобро да бидете ова второто?

Да се биде сам свој шеф звучи примамливо. Но, и да се биде некаде вработен има свои предности

1. Редовна плата

Една од големите предности е тоа што секој месец знаете точно на колку пари можете да сметате и така секако полесно ќе можете да ги планирате вашите финансии.

2. Работата доаѓа кон вас

И додека едни се во постојана потрага по нови предизвици за работа, вработените, од друга стана, не мораат да бараат работа, таа доаѓа кон нив.

3. Друштво

Да бидете единствен вработен значи и поголем дел од времето да го поминувате во самотија. Иако ќе имате многу повеќе пари, сепак ќе се јави потреба за пауза, со разговор и дружење со колегите.

4. Помала одговорност

Кога работите сами за себе, вие имате целосна одговорност и немате на кого да се потпрете кога работите ќе тргнат на лошо. Кога имате шефови, тие се лицата кои ја имаат крајната одговорност.

5. Можности

Работејќи за други, за вашата кариера постојат разни можности. Можете да барате унапредување, да одите од една во друга компанија, во случај да добиете понуда за нешто подобро. Во вашиот бизнис немате можност за преместување на позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП