29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдружението „Аман“ ги собра потребните потписи

Здружението „Аман“ ги собра потребните потписи

 

aman1

Граѓанската иницијатива „Аман“ собра 11.000 потписи за промена на Законот за енергетика и побара од Државната изборна комисија – ДИК да ја прекине постапката за собирање на потписи.

Активистот на „Аман“, Џелал Хоџиќ, изјави дека наредниот чекор е Државната изборна комисија да се произнесе по нивното барање, со што ќе им се овозможи да го соберат материјалот со потписите од граѓаните од подрачните единици на ДИК, за потоа во рок од три дена материјалот да се достави до Собранието на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија на пленарна седница, треба да ја утврди потребата од измените на Законот за енергетика и потоа да започне со редовната собраниска процедура за промени на законот.

„Аман“, преку својата иницијатива, бара воведување на три часа дневна евтина струја, како и законско регулирање на плаќањето на парно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП