29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го намалува бројот на компактни модели

Audi го намалува бројот на компактни модели

Компанијата „Audi“ има намера да го намали бројот на компактни модели кои ги нуди во својата палета. Првиот автомобил кој ќе стане „жртва“ на претстојната реорганизација, е верзијата на „A3“ со 3 врати, тврди „Autocar“.

Намалувањето на моделите со помали димензии се наметнува поради намалувањето на трошоците предизвикани од плаќањата на надоместоците по „дизелгејт“. Засега од „Audi“ одбиваат да ја коментираат ситуацијата, како и плановите во однос на моделот.

Се тврди дека компанијата ќе го задржи хечбекот со 5 врати „A3 Sportback“ во својата палета. Веројатно ќе преживее и седанот, но моделот со три врати ќе го отстапи своето место на „лифтбекот“ со 5 врати, кој ќе излезе во 2018-та година. Две години подоцна треба да биде подготвена и следната генерација на моделот.

Во Инголштад сметаат дека освен намалувањето на трошоците, појавата на „лифтбек“ со 5 врати ќе ја пополни гамата на брендот со автомобил кој може да се натпреварува со новата генерација на „Mercedes-Benz A-Class“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП