20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Toyota - вистинска револуција во индустријата

Новата Toyota – вистинска револуција во индустријата

Инженерите на „Toyota“ започнаа да развиваат таен електромобил, соопштува јапонското издание „Chunichi Shimbun“.

Извори од концернот тврдат дека новиот модел ќе направи вистинска револуција во сегментот на електрични автомобили. Тој ќе биде вистинско ремек дело и претстои да дебитира во 2022-ра година.

Главната особина ќе биде апсолутно новиот тип батерија. Деталите за неа се чуваат во строга тајност.

Познато е само дека ќе биде искористен целосно нов тип електролит во цврста состојба.

Новата батерија ќе овозможи значително да се зголемат резервите на курсот на возилото. Под исти димензии со литиум-јонски акумулатор, батеријата со хард електролит ќе има 3 пати поголем волумен.

Освен тоа електромобилот ќе може да се полни за час.

Заедно со ова стана јасно дека тоа нема да биде прв електричен модел на брендот. Пред 2022-ра година ќе се појават други електромодели на „Toyota“.

Конкретно, за 2020-та година е планирана појавата на првиот масовен електромобил на компанијата. Тој ќе биде опремен со вообичаена литиум-јонска батерија на полнење и ќе може да мине 300 километри со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП