25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите на САД најголеми купувачи на вируси

Властите на САД најголеми купувачи на вируси

viruss

Американските власти станаа најголемата организација која купува штетни програми на компјутерскиот црн пазар. Според изворите кои дојде една новинска агенција, Министерството за одбрана и специјалните служби на САД плаќаат сериозни пари за т.н. пропусти “нула ден”, кои се критични грешки во компјутерското обезбедување и се непознати за компјутерските експерти.

Аналитичарите велат дека „0-day“ слабостите се најефективни, бидејќи за нив се уште не е измислена заштита. Цената на ваквите вируси варира од 50.000 до 100 илјади американски долари. Со купувањето на овие програми владите можат да ги користат за откривање на непријателска активност во државата, како и за квалитетна сајбер-шпиунажа против другите земји или конкуренти компании.

Новинарите забележуваат дека употребата на ваквите пргорами може да биде сериозна, а како пример го наведуваат „индустрискиот“ вирус „Stuxnet“ кој во јуни 2010-та година ги зарази компјутерите на нуклеарната централа во иранскиот град Бушер. Вирусот бил внесен преку USB порта во некој од компјутерите и ги искористил пропустите во програмата за заштита на „Windows“ со што предизвикал проблеми на моторите на центрифуга за нуклеарно гориво со нагло зголемување и намалување на нивните вртежи.

Информациите велат дека само во последната година се потрошени десетици милиони долари за купување на слични програми кои воените служби не ги користат за заштита на компјутерските системи, туку за упад во непријателските мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП