29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Alpina B7 Bi-Turbo се покажа побрзо од очекуваното (фото)

Новата Alpina B7 Bi-Turbo се покажа побрзо од очекуваното (фото)

Изгледа германската компанија „Alpina“ има подготвено големо изненадување за своите фанови. Нејзиниот флагмански седан „B7 Bi-Turbo“, во чија основа е „BMW 7-Series“, се покажа побрзо од она што беше најавено за премиерата.

Автомобилот беше прикажан на автосаемот во Женева во 2016-та година. Тогаш од компанијата соопштија дека седанот во верзија со „xDrive“ (погон на четири тркала) забрзува од 0 до 96 км/ч (60 милји) за 3,6 секунди и развива максимална брзина од 311 км/ч.

Овие показатели се постигнати со помош на 4,4-литарски турбомотор со 8 цилиндри, но се покажаа дека тие се уште поимпресивни. На стартот на продажбата на седанот во Велика Британија од „Alpina“ открија дека машината крава до 100 км/ч од место за 3,7 секунди, а максималната брзина е цели 330 км/ч.

Таа го постигнала времето на тестовите на италијанската писта во Нард. За споредба, верзијата „BMW M760Li xDrive M Performance“ под чиј капак е поставен 6,6 литарски V12, ги нуди истите карактеристики.

На Островот ќе се продава и уште едвај верзија на седанот – само со заден пренос, при што забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 4,2 секунди. Таа, исто така ќе достигнува 330 км/ч. И двете возила се опремени со 8-степен менувач „ZF“. Цената на возилото стартува од 115.000 британски фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП