24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung не се откажува: Leader 8 новиот „фенси“ смартфон на преклоп (фото)

Samsung не се откажува: Leader 8 новиот „фенси“ смартфон на преклоп (фото)

Компанијата „Samsung“ не се откажува од телефон на преклоп, па така го најави новиот паметен уред „Leader 8“.

Смартфонот „Leader 8“ има „Full HD“ два екрани со дијагонала од 4,2-инчи, по еден од предната и задната страна, процесор „Qualcomm Snapdragon 821“, сензор за отпечаток на прстот, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, задна камера од 12 и предна од 5 мегапиксели.

Меморијата е можно да се надогради со помош на „microSD“ картичка, а уредот се напојува од батерија од 2.300 mAh. Tелефонот користи „Android“ оперативен систем.

„Samsung Leader 8“ за сега е наменет за кинескиот пазар, а датумот за почеток на продажбата и цената се уште не се познати.

Компанијата во јуни претстави уште еден модел на преклоп – „Folder Flip 2“, чија цена е 260 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП