25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГолеми цели: Како да ги остварите?

Големи цели: Како да ги остварите?

Поставување на големи и мали цели… За да ги поставите вашите цели потребно е да ја актуелизирате вашата визија. Очигледно, ќе биде потребно секојдневните цели да кореспондираат со неделните, а тие пак со поголемите месечни цели итн. Поставувањето на лесни, возможни, реалистични цели е одлично, но би требало да се поставуваат во склад со новите аспирации – тоа се целите кои ви изгледаат невозможни, но се предизвик и ве инспирираат.

Бидете практични. Големата цел секогаш треба да биде голема за вас. Таквите цели имаат функција на инспиративна алатка. Стремежот да се погоди целта која е многу далеку ќе ве принуди да излезат од вас различни креативни идеи и иновативни тактики.

Едноставност. Големата цел не треба да биде непотребно сложена. Да речеме дека имате мисија да станете лидер во некоја индустрија, таа ваша цел треба да биде јасна во неколку реченици, односно тие да бидат сумирани во една. Секако, извршувањето може да биде комплицирано, но вашата идеја треба да биде луцидна и континуирано да ве потикнува вас и вашиот тим. Да се биде претприемач значи секогаш да се биде спремен за преземање на ризик. Ако не ви е удобно да бидете на маргините, тогаш тоа не е вашиот пат. Замислувајте огромни можности и преземи ги тие ризици со возбуда и посветеност.

Поделба и освојување. Подели ги твоите големи цели на помали делови. Секоја активност треба да придонесе на некој начин до овие поголеми идеи. За таа цел, комуницирајте често како да ги направите овие ситни чекори и да обезбедите доволно ресурси за вас и вашиот тим. Иако секој може да има посебна улога, потребно е сите да бидат посветени на истата цел.

Идентификувајте ги слабостите и предностите. Исто така она што е потребно за вашата огромна цел е да ги лоцирате областите кои имаат потреба од подобрување. Ќе бидете форсирани да се движите побрзо, да не се вртите назад и да се стремите кон успех. Кога на ова ќе работите напорно, ќе ви се откријат вашите слабости, па така ќе можете веднаш да работите на нив. Од друга страна пак ќе забележите во која област сте посебно силни. Со расчистувањето на вашите предности и слабости, можете да станете поефективен претприемач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП