19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети за барање нова работа

Неколку совети за барање нова работа

Напишете CV

Претпоставуваме дека во вашата архива немате CV. Седнете и напишете го. Пожелно е вашето CV да биде малку поразлично од останатите, затоа не се срамете да ги напишете сите свои квалитети. Единствено, важно е сите информации да бидат вистинити.

Избор на работодавец

Размислете што би сакале да работите во моментов. Во ваква ситуација најдобро е да прифатите било каква работа, меѓутоа, сигурно постојат некои работни места за кои имате повеќе познавања, и нормално таквата работа повеќе би ви одговарала.

Напишете молба

Кога ќе одлучите на кој работодавец ќе му се јавите, напишете молба. Молбата е често пресудна во изборот на кандидати. Молбата треба да биде напишана во облик на деловно писмо и да се состои од неколку основни делови. Главно е потребно да ги наведете основните податоци, податоците за компанијата во која ја испраќате молбата, причината за заинтересираноста за наведената компанија и заклучок.

Подготовка за интервју за работа

Немојте да бидете изненадени кога работодавецот ќе ве повика. Тоа не значи дека сте вработени, сигурно постои некој кој сака лично да ве запознае и да му го потврдите она што сте го напишале во вашето CV. Пред да отидете на разговорот соберете информации за компанијата.

Разговор за работа

Разговорот за работа е презентирање на квалитетот и вештините лице во лице. Најчестите прашања кои се појавуваат во интервјуто се прашањата за вашите лични податоци, причината која ве навела да ја одберете токму таа компанија, очекуваните приходи и сл. Затоа, многу е важно однапред да се подготвите за таков разговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП