29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes прослави јубилеј на G Сlasѕ (фото+видео)

Mercedes прослави јубилеј на G Сlasѕ (фото+видео)

Иако „Mercedes“ кон крајот на 90-тите планираше да го прекине производството на „G Сlasѕ“, побарувачката за овој класичен теренец од година во година стануваше се поголема.

Германската компанија во фабриката „Magna Steyr“ во Грац го произведе 300.000-тиот примерок на „G Сlasѕ“, во текот на 38-те години на постоење на овој модел, а само во 2016-та беа продадени рекордни 20.000 возила.

Оргинално развиен за потребите на војската, „Mercedes G Сlasѕ“ настана во соработка на комапниите „Daimler-Benz“ и „Steyr-Daimler-Puch“ (денеска работи под името „Magna Steyr“).

Договорот за развој и производство на специјално теренско возило е потпишан во 1972-ра, а со тоа беа поставени темелите за идната „G Сlasѕ“. Tри години подоцна беше договорено и сериското производство, а на 1-ви февруари 1979-та од производната лента слезе првиот автомобил.

Во текот на наредните четири децении „G Сlasѕ“ претрпе мали промени во надворешноста, па е и денеска еден од најпрепознатливите и најдолговечните модели во автомобилската индустрија.

Со појавувањето на „SUV“ моделот „M Сlasѕ“ кон крајот на 90-тите, постоеше можност „Mercedes“ да го прекине производството на „G Сlasѕ“, но таа ја преживеа експанзијата на кросовер/„SUV“ возилата и денеска се продава повеќе отколку било кога. Од 2012-та бројот на произведени автомобили расте од година во година.

Јубилејната 300.000-та „G Сlasѕ“ e моделот „G500“ во сина металик боја, додека внатрешноста на возилото е со црна кожа.

„Mercedes“ се подготвува наскоро да претстави значителна модификација на новата генерација на „G Сlasѕ“, но сепак има намера да остане доследна на нејзиниот „коцкаст“ дизајн. Автомобилот ќе биде за десетина цм поширок од актуелната верзија, а премиерата се очекува во текот на 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП