20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLumia 925 - најдобриот телефон на Windows

Lumia 925 – најдобриот телефон на Windows

lumia

„Nokia“ во Лондон ја претстави интернационалната верзија на моделот „Lumia 928“ која ќе го носи името „Lumia 925“. Тие го отфрлија куќиштето од поликарбонат и се одлучија за изглед и чуството на метал, поточно на алуминиум.

„Lumia 925“ е тешка 139 грама и поседува камера од 8.7 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата и дуал ЛЕД блиц на задната страна, а пак предната камера е од камера од 1.2 мегапиксели.

На корисниците на располагање ќе им биде 4.35 инчен OLED екран со резолуција 1280 x 768 пиксели. Добро е познато дека овој паметен телефон ќе работи на оперативниот систем на Windows.

Останатите спецификации се прилично идентични со оние кои се видени кај моделот „Lumia 920“ – 1.5GHz dual core процесор, 1GB RAM и  16GB простор за складирање на инфомрации.

Телефонот би требало да биде достапен на повеќето пазари од јуни 2013-та година. Според информациите цената на овој модел во Европа би требало да изнесува 469 евра без царина и данок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП