19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА8 тајни за мотивирањето на вработените

8 тајни за мотивирањето на вработените

Прашањето со кое многу често се среќаваат работодавците во малите и големите компании е: Како да ги мотивираат вработените.

Одговорите пристигнуваат од американската компанија Net Prospex чиј број на вработени од 10 за само пет години достигна дури 150. Директорот на Net Prospex, Мајкл Бирд откри осум тајни за мотивирањето на вработените.

1. Вработувајте ги само најдобрите

Тешко е да вработите одлични работници и поради тоа не вработувајте луѓе кои не се чувствуваат како важен мотор за вашиот тим. Да врботите погрешно лице е полошо отколку да имате три празни работни места. Но, вработувањето е само дел од приказната – големо внимание треба да му посветите и на зближувањето на новиот вработен со компанијата.

2. Бесплатната храна не е решение

Многу поважно од бесплатната храна и пијалок на работното место е чувството дека вработениот и неговите идеи и неговиот придонес се цени.

3. Често покажувајте се

Мајкл Бирд нема своја канцеларија бидејќи во неа се чувствува како во затвор. Наместо тоа, повеќе сака само да „зуи“ околу и да им покаже на работниците дека е присутен, дека е со нив.

4. Прашувајте ги и слушајте ги одговорите

Менаџерите на Net Prospex посебно внимание му обрнуваат на прашувањето на вработените бидејќи тие откриваат многу.

5. Составете ги целите заедно со вашиот тим

Освен финансиската конструкција која се договара со инвеститорите, секогаш кога е можно целите договарајте ги заедно со вработените. Така, целите ќе бидат реално поставени и ќе биде овозможено нивното извршување.

6. Постојат подобри поттици од паричните

Наместо парични поттици, дајте им го на луѓето она што навистина го сакаат. Еден наш вработен само што научи да лета. Што направивме ние? Закупивме авион за тој малку да се повози, истакна гордо Бирд.

7. Нека грешат

Ако мислите дека само вашите идеи се добри – грешите, вашите вработени исто така би требало да донесуваат одлуки, па иако повремено грешат.

8. Третирајте ги вработените како инвеститори

Бидејќи тие тоа всушност и се, вистински инвеститори во вашата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП