25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашите деловни резултати зависат и од тоа како патувате до работното место

Вашите деловни резултати зависат и од тоа како патувате до работното место

Предностите од пешачењето или возењето точак веќе се добро познати за телесното здравје, а новите истражувања укажуваат и на користа за менталното здравје, бидејќи работниците кои на работа одат пешки или со точак постигнуваат подобра концентрација и имаат поголема стапка на задоволство.

Британскиот статистички завод објави извештај според кој Британците кои на работа одат пешки се позадоволни во својот живот, а исто така и оние кои патуваат со велосипед бидејќи во нив се создава помалку стрес и нервоза за разлика од оние кои патуваат со автомобил или со јавен превоз.

Дури и работниците кои на работа одат со јавен превоз се позадоволни и со подобри резултати, велат истражувачите, во споредба со оние кои патуваат со автомобил.

Пешачењето и велосипедизмот го активираат телото, умот, даваат енергија, ве разведруваат и на тој начин влијаат денот да ви започне подобро, освен тоа, се најповолни и за околината. Во високо развиените земји, бројот на лица кои на работа одат со велосипед од година во година е се поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП