20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл со нов систем ќе ги предупредува корисниците за катастрофи

Гугл со нов систем ќе ги предупредува корисниците за катастрофи

Гугл планира да воведе нов систем со кој би ги предупредувал корисниците на катастрофи, терористички напади и разни други кризи на кои би можеле да бидат изложени.

„Ако корисниците побараат локација или некој настан на кој има кризна ситуација, на самиот врв на пронајдените резултати од пребарувањето ќе им се појави итно предупредување“, рекол потпретседателот на инженерскиот оддел на Гугл, Јоси Матијас.

Предупредувањето ќе содржи мапа, нови извештаи и информации од властите, како и важни итни телефонски броеви.

Информациите што ќе ги испраќа Гугл ќе пристигнуваат од властите или од организации, како на пример Црвениот крст, метеоролошки агенции и други доверливи извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП