17 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМекларен од 2015-та со мотор на Хонда и со портокалова боја

Мекларен од 2015-та со мотор на Хонда и со портокалова боја

mp421high

Болидите на Мекларен во Формула 1 во блиска иднина би можеле да бидат во портокалова боја, наместо досегашната сребрена.

Иако болидите на тимот во сребрена боја се уште од 1997-та година, портокаловата е всушност традиционалната тркачка боја на Мекларен која датира уште од шеесетите години на минатиот век. По 2014-та година се чини дека долгогодишната соработка со креаторите на „сребрената стрела“, Мерцедес ќе биде звршена.

Шефот на тимот, Мартин Витмарш во неделата во Барселона изјавил дека неможе да ги коментира информациите дека Мекларен дефинитивно ќе ги користи агрегатите на Хонда од 2015-та година, додавајќи дека е доверлива соработката меѓу нив и постоечкиот партнер Мерцедес. Како што наведуваат изворите истекува крајниот рок за продолжување на соработката со Мерцедес во наредните сезони и истакнуваат дека со сигурност јапонскиот производител ќе го снабдува тимот од Вокинг.

Запрашан дали промената на главниот спонзор Водафон од следната сезона ќе биде можност Мекларен да ја врати портокаловата боја, Витмарш изјавил: „Навистина ми се допаѓа идеата. Портокаловата боја е одлична, особено за Мекларен. Ја користиме на нашите ГТ автомобили и изгледа одлично, па така имаме во план да продолжиме во тој стил. Секако во Ф1 е нешто друго, модерен работен модел е една од главните задачи на тимот, а тоа е промовирање на брендовите на своите партнери. Доколку имаме среќа и пронајдеме спонзор на кој нема да му пречи портокаловата боја бидете сигурни дека ќе ја видите повторно во Формула 1“.

Кога станува збор за моторите на Хонда, покрај Мекларен заинтересирани се и Заубер и Лотус кои сакаат да се ослободат од прескапите агрегати на Рено. Имено Рено ја најави цената за агрегатите за следната сезона која ќе изнесува од 20 до 23 милиони евра, додека тие на Мерцедес се наколку милиони поефтини. Ферари бара најмалку од сите производители, а цената на 1.6 литарски V6 турбо-мотори се движи меѓу 15 и 17 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП