25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Desert Palm Resort (фото)

Луксузниот Desert Palm Resort (фото)

Доколку се наоѓате во Дубаи и сакате да јавате, во оваа земја немате голем избор за тоа, но овој хотел ви ја нуди можноста да си ја исполните и таа желба…

Ова прекрасно и луксузно одморалиште е шик и посебно, така што ги воодушевува сите негови посетители.

Бујните зелени поло терени се распослани насекаде. Тука можете да ги вкусите и ексклузивните и највкусни оброци во светот, да уживате во фантастичното зајдисонце…

Очигледна е разликата помеѓу голотијата на Арапската пустина и бујното зеленило во околината на овој резорт, тука ќе можете комплетно да се одморите и да ги наполните своите батерии.

Дизајниран во прекрасниот Пер Акум стил, „Desert Palm“ е комбинација од дискретна арапска архитектура со екстремно модерни облици, кој создаваат екстремен контраст.

Што се однесува на сместувањето, тука се 39 природно модерни апартмани и вили, сите уникатно и индивидуално дизајнирани. Тие не се обемни, но во потполност се опремени со врвни погодности, кои ќе го надополнат вашето задоволство.

Уживајте во прекрасните фотографии…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП