24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ќе го направи Messenger „попаметен“

Facebook ќе го направи Messenger „попаметен“

Од „Facebook“ објавија дека ја купиле „стартап“ компанијата „Ozlo“ која може да се пофали со виртуелениот асистент за „Android“ и „iOS“. Детали околу условите на договорот не беа обелоденети.

Продуктот на „Ozlo“ беше пуштен минатата година и е достапен за надворешни апликации, вклучувајќи го „Google Allo“ на „Alphabet“, „Messenger“ на „Facebook“ и „Skype“ на „Microsoft“.

„Ozlo“ може да им обезбеди на корисниците рецепти, да ги насочува кон ресторани кои се наоѓаат во близина и да им ја покажува програмата на театрите, како и многу други нешта. Апликацијата сепак не стекна голема популарност. Таа е инсталирана на едвај 500-1.000 уреди со „Android“.

Повеќето крајни корисници на „Messenger“ сега можат да разговараат со многу „чатботови“ во апликацијата, а „Facebook“ сака да генерира уште повеќе приходи, така што ќе ја користи технологијата за да разговара со клиенти.

Поголем дел од екипата на „Ozlo“ која брои 29 вработени, според „LinkedIn“, се приклучува на „Facebook“, како сите тие ќе работат во „Messenger“ групата на социјалната мрежа, изјавил портпаролот на „Facebook“ за „CNBC“. Другите апликации и производи на „стартап“ компанијата, пак, ќе бидат запрени.

Во последните години „Apple“, „Alphabet“, „Amazon“ и „Microsoft“ исто инвестираат во вештачката интелигенција со цел подобрување на услугите.

„Ozlo“ е основана во 2013-та година, а седиштето на компанијата е во Пало Алто, во близина на тоа на „Facebook“ во Менло Парк. Меѓу акционерите во компанијата се „AME Cloud Ventures“ и „Greylock“.

Коосновачот на компанијата Чарлс Џоли претходно работел во „Facebook“, каде раководел со проектот на „Facebook“ за „Android“ и учествувал во подготувањето на „Facebook Home“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП