25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ќе изгледа Европа во 2035 година

Како ќе изгледа Европа во 2035 година

Evropa2035

Во наредните десет години Европа ја чекаат огромни промени, сметаат руските експерти, кои на основа на анализата на документите на американската ЦИА, руската служба ГРУ и група на експерти на чие чело се наоѓаат Збигњев Бжежински и Самуел Хантингтон, ја изработиле мапата на Нова Европа.

Серија на големи територијални промени ќе започне во Британија, каде Шкотска ќе прогласи независност, што ќе претставува иницијална капсула за соединување на Ирска, пишува рускиот Експрес.

Каталонците и Баскијците ќе прогласат независност од Шпанија, со што ќе има последици и во соседна Франција, каде, како што посочуваат руските експерти ќе започне „распад на мултикултурализмот“. На југ Франција ќе стане исламска држава, а областа Лорен ќе се приклучи на Германија.

Ќе се распадне и Белгија, а Фламенците ќе се приклучат на Холандија, додека Италија ќе се подели на богат север и сиромашен југ, а Сардинија и Сицилија ќе прогласат независност.

Територијата на Босна и Херцеговина ќе ја подели Србија и Хрватска, ќе настане и Голема Албанија, која ќе ја сочинуваат Албанија, Косово и дел од Македонија.

Тажна судбина, сметаат руските аналитичари, ја очекува и Полска, која ќе мора да се откаже од некои делови територија, по серија нови договори помеѓу Русија и Германија.

Белорусија ќе исчезне и ќе стане дел од Русија, како и делови на балтичките држави и Украина. Големи промени ќе се очекуваат и во Кавказ, бидејќи се мисли дека Русија нема да може да ја задржи Чеченија и Дагестан.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП