20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook TV пристигнува во август?

Facebook TV пристигнува во август?

Сервисот „Facebook TV“, според најавите на агенцијата „Bloomberg“, би требало да стане достапен за околу две недели. Од „TV“ партнерите, сопствениците на програмите кои ќе бидат емитувани е побарано да ги достават првите епизоди од своите програми.

Станува збора за евтини програми кои ќе се емитуваат во кратки епизоди, со времетраење од 5 до 10 минути.

Некои од партнерските медиумски компании на „Facebook“ во овој проект се „Nine Media“, „BuzzFeed“, „ATTN“ и „Vox Media“.

Раководни лица од „Facebook“, одбија да дадат свој коментар за овие информации.

Се планира во иднина „TV“ содржините на емисиите да бидат во траење од 20 до 30 минути, чија продукција во целост ќе биде на „Facebook“.

Првите „TV“ емисии на „Facebook“ требаше да се појават во јуни, но тоа се промени за август. Добро упатени извори велат дека би можело да има уште одложувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП