20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетири американски компании со вредност од над 500 милијарди долари

Четири американски компании со вредност од над 500 милијарди долари

Вчера акциите на „Amazon“ поскапеа за 1,24% до 1052.80 долари. Растот и помогна на технолошката компанија да ја премине границата од 500 милијарди долари пазарна капитализација за прв пат во историјата.

Така „Amazon“ се претвора во четвртата компанија проценета на над 500 милијарди долари. Лидер во ова рангирање е „Apple“ со 800 милијарди долари, „Alphabet/Google“ има пазарна оценка од 667.67 милијарди долари, а „Microsoft“ е со 571.7 милијарди долари.

Петтата позиција во моментов ја зазема „Berkshire Hathaway“ на Ворен Бафет со 428 милијарди долари.

Само во последните три месеци акциите на „Amazon“ додале 15,8%, со што ја зголемува капитализацијата со 68.59 милијарди долари.

Потсетуваме дека „Amazon“ е  компанија од 1997-ма година. За овој 20-годишен период вредноста на компанијата се движеше од 20 милијарди долари за време на „dotcom“ бумот. Токму тогаш, меѓу март 1998-ма и март 1999-та година, акцијата на компанијата поскапе со 855%.

Следуваше силен пад и една година подоцна (март 2000-та година) вредноста на „Amazon“ веќе беше само 3,6 милијарди долари.

Денес по крајот на берзанското тргување се очекува „Amazon“ да ги објави и тримесечните резултати кои можат да го зацврстат растот на позицијата од почетокот на 2017-та година, во вредност од 40.4%.

Основачот на компанијата Џеф Безос пак веќе е само на 1 милијарда долари од лидерската позиција на Бил Гејтс во рангирањето на најбогатите луѓе во светот.

Безос поседува 89.8 милијарди долари, наспроти 90.8 милијарди долари за Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП