24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаратистите на Макпетрол постигнаа извонреден успех на првенството во Португалија

Каратистите на Макпетрол постигнаа извонреден успех на првенството во Португалија

Македонските каратисти, членови на Скопски Макпетрол кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, вчера во елиминацискиот дел од првенството постигнаа извонреден успех.

Петар Заборски во категорија -75 килограми и Сара Радичевска во категорија -50 килограми се пласираа во финалето, тие го обезбедија сребрениот медал и ќе имаат борба за злато.

Заборски ќе се сретне со натпреварувач од фаворизираните Португалци Де Пина Родриго Мацедо. Радичевска во финалната борба за противник ја има Португалката Леал Сара, додека пак Наташа Стефановска во категорија -61 килограм ќе се бори за бронзениот медал со Гарсиа Аура од Шпанија.

Борбите за медали по натпреварувачката програма се во текот на денешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП