29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција уапсен "мозокот" на мрежата за перење пари преку виртуелната валута...

Во Грција уапсен “мозокот” на мрежата за перење пари преку виртуелната валута “Биткоин”

Во Грција, полицијата уапси еден руски државјанин под обвинение дека е „мозокот“ на мрежата за перење пари со помош на виртуелната валута биткоин, преку која се претпоставува дека се „испрани“ најмалку четири милијарди долари.

Александар Виник (38) е „мозок“ на криминалната организација, по кого е распишана меѓународна потерница, се наведува во полициското соопштение.

Виник бил уапсен во едно едно приморско село во северниот дел на Грција, врз основа на меѓународна потреница распишана од САД, кои нејверојатно сега ќе бараат негова екстрадиција. Според полицијата, Виник раковоел со онлајн платформа преку која се вршеле трансакции во биткоини и се переле пари.

“Од 2011 година Виник раководел со кримнинална организација, која администрирала со една од најважните интернет страници во светот за електронски криминал”, се наведува во полициското соопштение.

Биткоинот е прва дигитална валута која овозможува сигурни и тајни трансакции, со што на финасиските власти им е речиси невозможно да ги контролираат овие текови на пари. Апсењето на Виник е последно во низата операции против руски кибер криминалци во Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП