29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвајца починати од тешка заразна болест, дали треба да стравуваме од ширење...

Двајца починати од тешка заразна болест, дали треба да стравуваме од ширење на вирусот?

Двајца мажи од Гостиварско починале од тешка заразна болест на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор лица што се во крвно сродство, но засега од клиниката не потврдуваат дали се работи за татко и син. Едниот е на возраст од 24 години, а другото лице имало 47.

На клиниката биле примени со дијареја и покачена телесна температура, но болеста бргу прогресирала и ги зафатила бубрезите, црниот дроб и системот за коагулација.

Директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, вели дека сè уште се истражуваат причините за болеста. Се сомневаат дека се работи за болест што се пренесува преку добиток. Од Комисијата за заразни болести смируваат да не се создава паника меѓу населението бидејќи, според нивните сознанија, болеста тешко се пренесува од човек на човек.

„Имавме седница на Комисијата за заразни болести. Се состанавме да ги разгледаме случаите и да се преземат мерки за сузбивање на ризиците за ширење каква било болест од инфективна генеза. Овие два случаја завршиле со фатален исход во растојание од три дена, постои фамилијарна поврзаност. Па во потрага по заеднички причинител за состојбата беше повикана комисијата за од сите аспекти да се разгледа оваа ситуација“, рече Миленковиќ.

“Алармантна и загрижувачка е ситуацијата во Гостивар и гостиварско. Повторувам, ситуацијата во Гостивар и гостиварско е алармантна и загрижувачка. За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечки животи на возраст од 47 и 23 години. Повторувам два човечки животи, а јавноста дозна дури денес”, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нивните информации, причината за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а 6 се во животна опасност е тоа што нема реагенс во институтот за јавно здравје.

Сè уште се вршат испитувања за да се утврди за кое заболување се работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП