20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

АМСМ: Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП