28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLinux полека ја освојува вселената

Linux полека ја освојува вселената

command-center

Компјутерите кои се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица наскоро наместо „Windows XP“ ќе користат „Linux“ оперативен систем се со цел да се подобри нивната стабилност.

Десетици лаптопи кои се поврзани на „opsLan“ мрежата која на екипажот и овозможува витални функции за завршување на секојдневните операции ќе бидат префрлени на „Linux“.

„Одлучивме да се префрлиме од „Windows“ на „Linux“ поради тоа што на нас ни е потребен оперативен систем кој е стабилен и сигурен и кој ќе ни овозможи да го контролираме внатре во самата станица. Доколку ни е потребно да го адаптираме ние сме во можност да го сториме тоа“, изјавил Кит Чувала кој е задолжен за „opsLan“ мрежата во „NАЅА“.

„Linux“ веќе се користи за управување на различни системи внатре во Меѓународната вселенска станица, вклучувајќи го и првиот „Robonaut“ кој на станицата беше испратен во 2011-та година.

Претходно компјутерите кои ги користеа беа инфицирани со вирус додека работеа на „Windows 2008“, а се претпоставуваше дека до компјутерите пристигнал преку компјутерот на еден астронаут од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП