19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе ги претвори сите гигантски државни компании во акционерски

Кина ќе ги претвори сите гигантски државни компании во акционерски

Сите големи кинески компании во сопственост на владата, ќе бидат регистрирани како друштва со ограничена одговорност или акционерски компании до крајот на годината во обид државните гиганти да се претворат во поефикасни и модерни компании, соопшти „Ројтерс“.

Околу 90 отсто од фирмите во сопственост на државата и локалната власт, веќе го имаат завршено процесот, кој помогна да ги подобрат своите менаџерски структури, посочуваат властите во Пекинг.

Не е јасно дали приватниот капитал ќе им биде дозволен да се инвестира во државните гиганти или дали тие ќе издаваат акции.

Преку реформите Владата се надева да ја заживее задолжената државна сопственост и да создаде „поголеми и посилни“ конгломерати, кои можат да се натпреваруваат на светската сцена.

Дел од реформите ќе вклучуваат затворање на повеќето неконкурентни компании. Сопственичката структура на некои државни претпријатија, исто така ќе биде модернизирана.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Кина и особено незгодните државни гиганти, е растот на долгот од глобалната финансиска криза во 2008-ма година. Властите ги засилија напорите за ограничување на ризикот од тоа, како дел од овие напори ти вклучуваат реструктуирање на државните фирми.

На почетокот на годината Кина најави дека треба да се справи со државните „компании зомби“, кои не престануваат да земаат заеми, иако не заработуваат доволно за да ги исплатат кредитите или каматата.

Земјата инсистира исто за заедничко учество во сопственоста на компаниите за да се овозможи приватниот капитал да се инвестира во компании, а во исто време се задржува присуството на владата во компаниите. Според државниот регулатор „погрешни“ концепти како „приватизација“ и „денационализација“ треба да се избегнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП