18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors објави подобра од очекуваната квартална нето добивка

General Motors објави подобра од очекуваната квартална нето добивка

General Motors објави подобра од очекуваната квартална нето добивка од континуирани активности, и покрај падот на приходите и вети дека ќе го намали производството во втората половина на годината, за да го намали зголемениот број непродадени автомобили, соопшти „Ројтерс“.

Најголемиот американски производител на автомобили ја задржи непроменета прогнозата за добивка до крајот на 2017-та година. Веста ги зголеми акциите на компанијата со 1% во прелиминарната трговија.

Резултатите за кварталот го исклучуваат поразот од европските операции на компанијата, меѓу кои германската марка „Opel“ и британската „Vauxhall“, кои беа продадени на француската „PSA Group“.

Финансиските податоци доаѓаат во момент во кој „Wall Street“ е загрижен дека американската автомобилска индустрија влегува во криза по неколку години на силна продажба. Автомобилските производители забележаа пад во продажбата во последните четири месеци.

Во исто време „GM“ планира да го намали производството во Северна Америка со 150.000 возила во втората половина на 2017-та година во споредба со првото полугодие, изјави главниот финансиски директор Чак Стивенс.

Стивенс додаде дека „GM“ е на пат да ја постигне целта за намалување на резервите автомобили во Северна Америка, предвидувајќи дека во втората половина на годината продажбата ќе се зголеми и ќе и помогне на компанијата да ја постигне оваа цел.

Очекувањата на компанијата се за заработка по акција меѓу 6 и 6,5 долари за 2017-та година.

Нето добивката на компанијата во вториот квартал достигна 2,4 милијарди долари, или 1,6 долари по акција, што е пад во однос на 2,8 милијарди долари, или профит од 1,74 долари за акција, една година порано.

Автомобилскиот производител предвиде приходи во износ од 37 милијарди долари во вториот квартал, што е помалку во однос на 37,4 милијарди долари од пред една година и е под очекувањата на аналитичарите за приходи во износ од 40,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП