29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвештајот на „Caterpillar“ изненади пријатно, па компанијата ја зголеми прогнозата за добивка

Извештајот на „Caterpillar“ изненади пријатно, па компанијата ја зголеми прогнозата за добивка

Американската компанија производител на машините „Caterpillar“ ги надмина очекувањата на „Wall Street“ за профитот и ја зголеми по втор пат прогнозата за годишната добивка. Факторот зад најдобрите резултати е подобрувањето на побарувачката во Кина и обновата во рударството, наведува „Ројтерс“.

Акциите на најголемиот производител на градежна опрема и опрема за рударската индустрија поскапеа за околу 5% на берзанската трговија.

Силните резултати на „Caterpillar“ нагласуваат превртување во нејзиниот главен бизнис, кој настрада поради ниските цени на суровините и забавувањето се пребарување во последните неколку години.

„Иако бројот на пазарите за крајните производи сеуште претставува предизвик, градежништвото во Кина и гасната индустрија во Северна Америка беа акцентите на овој квартал“, коментира Џим Умплемби, извршен директор на компанијата. „Рударството и активностите поврзани со нафтата забележаа значителен раст и гледаме подобрување на побарувачката за градежниот сектор во повеќето региони“, додава тој.

Продажбата на „Caterpillar“ расте со 9,6% до 11,33 милијарди долари и ги надминуваат просечните очекувања во студијата на „Thomson Reuters“ за 10,93 милијарди долари.

Продажбата во азиско-пацифичкиот регион – третиот по големина пазар за „Caterpillar“, бележи скок со 23% во вториот квартал, поддржан токму од зголемените продажби за градежна опрема во Кина.

Продажбата во Северна Америка – најголемиот пазар на компанијата, се зголемува со 7% во голема мера поради подобрената побарувачка од страна на рударството и енергетската индустрија.

Индустриските компании во САД се очекува да извлечат корист од про-бизнис предлозите на Доналд Трамп за инфраструктурни трошоци и даночни реформи. Политичкиот ќор-сокак во Вашингтон сепак ја одложува примената на овие планови.

„Caterpillar“ очекува профитот во 2017-та година да достигне околу 5 долари за акција. Во претходната прогноза компанијата очекуваше 3,75 долари за акција. Фирмата ги зголеми годишните очекувања за продажба од опсег 38-41 милијарди долари до 42-44 милијарди долари.

Нето добивката се зголемува за околу 46% до 802 милиони долари. Кога ќе се исклучат некои елементи, добивката по акција изнесува 1,49 долари, што е над очекувањата за 1,26 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП