18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма ли начин Велика Британија да остане во ЕУ?

Има ли начин Велика Британија да остане во ЕУ?

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) во моментов изгледа неверојатно, отколку пред една година, пишува во анализа европското издание „Politico“. Оние кои инсистираат земјата да се откаже од „Brexit“, стануваат погласни, а и потенцијалните трошоци веќе се јасни.

Во едно од своите први изјави новиот лидер на Либералните демократи во земјата – Винс Кејбел, коментира дека никогаш не поддржувал „Brexit“, а веќе почнува да мисли и дека тоа никогаш нема да се случи. Поранешниот премиер на земјата Тони Блер исто посочи дека Лондон може да остане во една реформирана ЕУ.

Дури и самиот претседател на кампањата за напуштање Доминик Камингс коментира на својот профил на „Twitter“ дека има некои можности, при што „заминувањето ќе биде грешка“.

Весникот ги цитира и зборовите на претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, кој пред последната седница на лидерите на заедницата изјави дека сонува Велика Британија да остане дел од заедницата и воопшто не е единствениот, цитирајќи ги зборовите на познатата песна на Џон Ленон.

„Politico“ разгледува и дел од варијантите, при што земјата може да остане дел од заедницата. На прво место тоа е промената во јавното мислење – ќе биде доста тешко за владата да го реализира „Brexit“, особено без договор, ако повеќето Британци се против.

Следно сценарио е да биде откажана чл. 50 од Договорот за ЕУ. Иако сите институции се категорични дека еднаш активиран овој член, тој не може еднострано да биде преиспитан, шанси има, тврдат британски аналитичари.

Нови избори и нов референдум исто е начин Лондон да остане во ЕУ, но таа веројатност е само на хартија, бидејќи новата владејачка партија би требало да освои две третини од пратеничките места во парламентот за да го промени текот на „Brexit“.

Реформите во ЕУ и политичката ситуација во Велика Британија (внатрешните битки кај конзервативците, подемот на Либералните демократи и ветувањата на лабуристите) се исто така фактор кој може да го остави Островот во заедницата, а и самите поддржувачи на останувањето во ЕУ веќе се многу гласни, забележува уште „Politico“.

Изданието не ја исклучува можноста Британија повторно да аплицира за членство во ЕУ. Тогаш сепак земјата ќе треба да преговара како секоја друга трета страна, односно преговорите ќе траат неколку години, а Лондон најверојатно нема да може да ги искористи исклучоците на кои ужива денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП