29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДоколку ги забележите овие знаци, значи колегите не ве обожуваат

Доколку ги забележите овие знаци, значи колегите не ве обожуваат

Додека некои колеги и деловни соработници немаат проблем со тоа директно да кажат што и кого мразат, други се преправаат дека се професионалци и дипломати, и тоа никогаш нема да ви го кажат „во лице“.

Ви претставуваме неколку суптилни знаци кои говорат дека вашите колеги не ве сакаат. Имајте на ум дека некогаш можете погрешно да го прочитате нивниот говор на телото или тонот, но ако забележите дека сте единствени кон кои така се однесуваат, многу е веројатно дека не ве сакаат.

1. Вашиот инстинкт ви говори дека не ве сакаат – тоа може да биде во вашата глава или може да биде вистина. Ако ве третираат поинаку од другите, тогаш не сте им омилени.

2. Не се смеат кога сте во близина – често се воздружаваат и не се смеат кога сте во нивна близина.

3. Избегнуваат да ве гледаат во очи – на овој начин избегнуваат комуникација со вас.

4. Ве избегнуваат – кога ќе ве видат пред лифотот, заминуваат по скалилата, тоа е јасен знак дека не ве сакаат.

5. Гласини и трачеви – некој кој не ве сака шири разни гласини за вас.

6. Не ја забележуваат вашата присутност – се однеусваат како да не сте тука.

7. Брзо се ослободуваат од вас – на било кое прашање или мејл тие не ви одговараат, молчат и ве избегнуваат, односно се ослободуваат од вас.

8. Никогаш не ве повикале на дружење – никогаш не ве повикале на кафе, ниту заеднички појадок.

9. Комуницираат со вас преку мејл, иако седат до вас – ја намалуваат и официјализираат комуникацијата со вас.

10. Постојано не се согласуваат со вас – не им се допаѓаат идеите, не им се допаѓа ништо што ќе предложите.

11. Никогаш не ве прашале за личниот живот – едноставно не ги интересирате.

12. Никогаш не ве вклучуваат во шегите – шегите постојат во секоја компанија, доколку не сте вклучени во шегите во компанијата, тоа е знак дека не им е пријатно покрај вас и не мислат дека сте дел од тимот.

13. Глумат непостоечка надмоќ– понекогаш си даваат авторитет над вас и ви глумат шефови, иако не се тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП