25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИако е една од најздравите намирници, сепак не секогаш смеете да ја...

Иако е една од најздравите намирници, сепак не секогаш смеете да ја јадете

Иако грејпфрутот е многу здраво овошје, сепак ќе мора да водите грижа при негова консумација во следниве ситуации…

За грејпфрутот сите знаеме дека е исклучително здрава намирница која е препорачлива во секојдневната исхрана. Меѓутоа, ако размислувате за процес на детоксикација или пиете одредени лекови, тогаш задолжително би требало да го избегнувате бидејќи во тој случај ја нарушува работата на црниот дроб, кој претставува главен орган – катализатор во нашето тело.

Црниот дроб има многу важна улога во метаболизмот бидејќи извршува бројни функции: во него се чува гликогенот (резервен шеќер), производи од крвни протеини, го отстранува холестеролот, ги покренува процесите на претворање на аминокиселините или другите молекули во глукоза после потрошувањето на залихите од гликоген.

Неговата клучна улога е процесот на детоксикација при што тој не штити од штетните влијанија на бројните токсини на кои во денешниот современ животен стил сме секојдневно изложени. Токму затоа вообичаено се вели дека црниот дроб е „огледало“ на нашето здравје.

grepfruit_19692000

Тој од консумираната храна и пијалоци ги извлекува токсините, ги разградува во помалку штетни материи, па ги чува или отстранува од организмот, а со правилен избор на намирници ние всушност му помагаме да остане здрав како орган и непречено да ја извршува својата функција.

Грејпфрут – забранета намирница

Намирница која треба да ја избегнувате ако се подготвувате за режим на детоксикација или земате лекови е грејпфрутот. Иако се работи за многу здрава намирница препорачлива за нашето секојдневно мени, во случај на детоксикација и при земање на лекови, тој ја пореметува работата на црниот дроб.

Поточно, тој го забавува и блокира делувањето на CYP314, задолжен за разградување на токсините и штетните материи. Улогата на тој ензим во телото е многу важна бидејќи тој всушност помага во излачувањето на токсините од телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП