20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Alphabet настрада заради европската парична казна

Профитот на Alphabet настрада заради европската парична казна

Казната во висина од 2,4 милијарди eвра, која Европската комисија (ЕК) и ја наложи на компанијата „мајка“ на американскиот технолошки концерн „Google“ – „Alphabet Inc.“, се одразува силно негативно на нејзините финансиски резултати.

Во вториот фискален квартал добивката се намалува за 28 отсто до 3,5 милијарди долари (3 милијарди евра) на годишно ниво, објави Концернот по крајот на берзанското тргување.

Аналитичарите, сепак очекуваа уште посилен пад.

Нето добивката паѓа до 5,01 долари по акција, додека аналитичарите очекуваа профит од 4,45 долари за акција, покажуваат собраните податоци од „Bloomberg“.

И во однос на приходите на компанијата успева да ги надмине очекувањата, а тие имаат предвид раст од 21 отсто до 26 милијарди долари. Тие растат пред се поради просперитетниот бизнис со мобилни реклами. Освен тоа почнува да се исплати и фокусот врз компанијата „ќерка“ за видео содржини „YouTube“. Според експерти американската компанија успева да емитува повеќе реклами од големите ТВ канали.

Сепак аналитичарите реагираа со разочарување. Акциите поевтинија во берзанската сесија со над 3 отсто, но од почетокот на годината додаваат над 26 проценти кон вредноста.

ЕК стави во јуни санкција во износ од 2,4 милијарди евра на „Google“ поради неовластено користење на пазарната сила при производни реклами прикажани во резултатите од пребарувањето. Иако „Google“ го задржа правото да поднесе жалба за казната, износот веќе е земена во предвид во тримесечниот извештај како мерка на претпазливост.

Аналитичарите не веруваат дека казната на ЕК ќе ги загрози позициите на Google, иако некои од нив да изразуваат загриженост за потенцијалното влијание на принудните промени во услугата за шопинг на технолошкиот гигант. Таа е поголем извор на приходи за компанијата.

„Google“ има 90 дена да предложи решение кое ќе ги задоволи регулаторите на ЕУ, или ќе треба да плаќа дополнителни казни.

Без рекордната парична казна поради кршење на антимонополските правила на ЕУ, „Alphabet“ ќе генерираше профит во износ од 6,3 милијарди долари во изминатиот квартал.

Покрај овој еднократен ефект има и други фактори кои не им се допаѓаат на инвеститорите. Така на пример бизнисот за рекламирање на „Google“, кој е главен извор на приходи за „Alphabet“, продолжи со силниот раст, но рекламите на компјутери и се повеќе на екраните на паметните телефони не носат веќе толку пари, како едно време.

Платените прегледи на реклами се зголемуваат со 52 отсто, приходите од кликнување сепак се намалуваат за 23 отсто. Уште во минатото тримесечје во однос на ова беше забележано намалување од 19 отсто.

Освен тоа има намалување во однос на внимателното следење од пазарот на чисти приходи, при што не се земаат предвид давачките кон рекламните партнери. Сумата изнесува 20,9 милијарди долари – значително помалку од апсолутните приходи. Главниот финансиски директор на „Alphabet“, Рут Порат сепак покажа задоволство од резултатите и го истакна силниот раст кај мобилната реклама.

Рекламните приходи на концернот, кој ги нуди и широко распространетиот мобилен оперативен систем „Android“ и сопствени смартфони, генерира „лавовски“ во бизнисот. Приходите во оваа област бележат скок со 18 отсто до 22,7 милијарди дoлари. Во меѓувреме компанијата се натпреварува повеќе со водечката онлајн социјална мрежа „Facebook“ за силното растечко рекламирање на мобилните уреди.

Во други области, како што е компанијата за мрежни домашни уреди „Nest“ и компанијата за автономни автомобили „Waymo“, приходите растат од 185 на 248 милиони долари. Оперативната загуба се намалува од 855 на 722 милиони долари.

Во меѓувреме, главниот извршен директор на „Google“, Сундар Пичај очигледно ужива зголемување на довербата од страна на основачите и веќе е дел и од Управниот одбор на „Alphabet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП