28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault се откажува од новата „четворка“

Renault се откажува од новата „четворка“

cetvorka

Иако новото „Twingo“ во себе ќе го има духот на некогашниот модел „Renault 5“, изгледа дека францускиот производител засега ќе се откаже од современата интерпретација на легендарната „четворка“.

Производителите на автомобили многу често се свртуваат на минатото кога е во прашање инспирацијата за нови модели. Во суштина во прашање е само ретро дизајн, но понекогаш авто-индустријата се осмелува на купувачите да им понуди вистински наследник на оргиналните модели.

Иако таквите автомобили не доживувале голема слава и успех во продажбата како своите претходници (VW Beetle), а некои од нив се премногу се доближиле до оргиналните модели (FIAT 500, MINI).

„Renault“ во својот каталог има неколку историски и многу значајни модели кои би можеле да добијат свој современ наследник, а тоа пред се е „Renault 4“.

Култниот модел дури беше претставен во модерна верзија во 2011-та година, но само како концепт во рамките на натпреварите од „Renault 4 Ever“ по повод 50 години од појавувањето на тој автомобил.

cetvorka1

Во тој момент директор на францускиот производител беше Патрик Пелата кој ревносно се залагаше за оваа идеа. Меѓутоа работите се променија со доаѓањето на неговиот наследник Карлос Таварес.

Новиот шеф донесе и нова филозофија, „насочување кон иднината наместо кон минатото“, која веќе се осликува во новата генерација на возила како што е кросоверот „Captur“, a „Renault 4“ се најде таму каде што беше и претходно во историјата на компанијата.

Сепак вториот успешен модел од минатото не е во целост заборавен. Па така идниот „Twingo“, иако со модерен дизајн ќе биде инспириран од некогашниот модел „Renault 5“.

Дали сметате дека „Renault“ би требало да понуди модерна верзија од некогаш популарната „четворка“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП