29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште една жртва на кросоверите: Ford го укинува моделот B-MAX 

Уште една жртва на кросоверите: Ford го укинува моделот B-MAX 

Компанијата „Ford“ објави официјално дека во септември нејзината фабрика во Крајова (Романија) запира со производството на компактниот миниван „B-Max“, наменет за европскиот пазар.

Моделот оди во историјата поради слабиот интерес. Наместо него претпријатието во романскиот град ќе го произведува компактниот кросовер „EcoSport“ за Европа. Поради пуштањето на новиот модел „Ford“ отвора нови 500 работни места во фабриката и така вкупниот број на вработени ќе достигне 1.700 лица.

Компактниот миниван „Ford B-Max“ дебитираше во 2012-та година, а се произведува само во Романија. Моделот е со должина од 4077 мм, а растојанието помеѓу двете оски достигнува 2489 мм. Тој се нуди со бензински мотори 1,0 „EcoBoost“ (100, 125 или 140 КС), 1.4 (90 КС) и 1.6 (105 КС). Дизелската понуда се 1,5-литарски со 75 и 95 КС.

Поради стартот на производството на „EcoSport“ во Романија „Ford“ ќе инвестира 200 милиони евра во својата фабрика во Крајова. Засега најпродаваниот кросовер на компанијата во Европа се составува во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП