20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 10 години седиштето на ММФ може да е во Пекинг

По 10 години седиштето на ММФ може да е во Пекинг

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би можел да се пресели во Пекинг по една деценија, ако продолжат трендовите на раст на Кина и другите големи нови пазари и тоа се одрази во структурата на гласовите во Фондот, изјави директорката Кристин Лагард, пренесува Ројтерс.

На настан организиран од Центарот за глобален развој во Вашингтон, Лагард коментираше дека еден таков чекор е можен, бидејќи на ММФ ќе и треба да ја зголеми застапеноста на водечките нови пазари со зголемување и зајакнување на влијанието на нивните економии.

„Тоа може да значи дека ако го водиме овој разговор по 10 години (…), може да не сме во Вашингтон. Ќе го правиме во нашата централа во Пекинг”, додаде директорката на Фондот.

Лагард прецизира дека внатрешните прописи на ММФ ја повикуваат централната канцеларија на институцијата да биде лоцирана во земјата членка со најголема економија.

Во ажурираната верзија на извештајот „Светските економски прогнози“, објавен во понеделникот, ММФ појаснува дека растот на светскиот бруто домашен производ ќе биде 3,5 проценти во 2017-та и 3,6 проценти во 2018-та година. За Кина исто така беа зголемени прогнозите – односно 6,7 проценти (+0,1 процент) оваа година и 6,4 проценти (+0,2 проценти) во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП