16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Скопје го слави животот“: Утре ќе биде одбележана 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес

„Скопје го слави животот“: Утре ќе биде одбележана 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Град Скопје и Музејот на град Скопје и годинава ќе го одбележат 26 јули – денот кога пред  54 години катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и Скопјего претвори во урнатина, а градот ги доживеа најтешките моменти во својата историја и постоење.

Под мотото „Скопје го слави животот“ утре ќе се потсетиме на сè она што значи овој датум, на подадената рака од целиот свет, како и на оние што трагично го загубија својот живот.

Мултимедијалниот културен настан, кој под мотото „МКЦ за Скопје“ го организира Младинскиот културен центар, кој традиционално се одржува за 26 јули со цел да се потсетиме на солидарноста и хуманоста на скопјани, годинава се одржува два дена, односно почнува денеска, 25 јули, а завршува  утре – 26 јули.

„Оваа чествување ќе нè потсети дека треба да го славиме животот и, секако, за хуманата димензија на човештвото“, велат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП