19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair поднесе "необврзувачка понуда" за Alitalia

Ryanair поднесе “необврзувачка понуда” за Alitalia

Авиокомпанијата Ryanair поднесе “необврзувачки понуда” за италијански ривал Alitalia, изјави ирскиот нискобуџетен авиопревозник, пренесува АФП.

“Дадовме необврзувачка понуда за Alitalia. Бидејќи таа е најголемата авиокомпанија во Италија, важно е и ние да сме вклучени во овој процес”, се вели во соопштението на Ryanair.

Италијанските медиуми во петокот објавија дека за проблематичниот националниот превозник пристигнаа десет понуди.

Процесот на продажба на Alitalia најавен е уште во средината на мај, кога министерот за индустрија Карло Календа ја информираше јавноста дека владата назначи три стечјни управници кој треба да проверат дали компанијата може да се реструктуира како независна компанија, или преку делумна или целосна продажба, или пак и се заканува ликвидација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП