20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар оди на победа против Копенхаген

Вардар оди на победа против Копенхаген

Фудбалерите на Вардар се подготвени за првиот натпревар со Копенхаген, кој се игра во рамките на третото претколо во Лигата на шампионите. Вардар во претходната рунда го елиминира Малме, додека Копенхаген го доби двомечот против Жилина.

Копенхаген е квалитетен тим, лани играше во фазата по групи и во конкуренција на Лестер, Порто и Бриж освои девет бода, заврши на третата позиција и потоа продолжи во Лига Европа каде стигна до осминафиналето.

„Копенхаген како и Малме секоја сезона играат во Лигата на шампионите или во Лига Европа. Доста квалитетен противник, добро го анализиравме и знаеме што не чека. Го респектираме противникот, но ние ќе се сконцентрираме на нашата игра. Треба да го појачаме темпото од оние натпревари со Малме и со помош на публиката да оствариме позитивен резултат. Ги анализиравме натпреварите со Жилина, момците се подготвени, само да играме во посилно темпо од дуелите со Малме и мислам дека нема да имам е проблеми“, рече на прес конференцијата во пресрет на натпреварот тренерот на македонскиот шампион Гоце Седлоски.

Дуелот со Копенхаген ќе биде тест и за дефанзивците на Вардар, бидејќи данскиот првак негува офанзивен фудбал, а нападот го рпедводат Павловиќ, Сантандер и Сотитиу, кој пред неколку сезони како играч на АПОЕЛ играше во Скопје.

„Играме против доста квалитетен тим, минатата година играа и во групната фаза во ЛШ. Тие се за една класа подобри од Малме. За да ги победиме ќе мора да играме како во вторите 45 минути во Струмица против Малме, мора да нападнеме, да постигнеме гол. Вардар утре не треба да се брани, Вардар треба да нападне. Се надевам дека со еден гол предност ќе патуваме во Копенхаген, доколку го направиме тоа ќе имаме шанси за пласман во втората рунда“, рече вардаровиот капитен Бобан Грнчаров.

На прес конференцијата тренерот Седлоски не сакаше да открие со кои игрчажи ќе го започне дуелот, но не ја исклучи моѓноста да направи една или две измени во однос на реваншот со Малме.

„Тимот кој ќе го започне мечот ќе го одредам утре, дилемите околу составот ќе ги решам по вечертиот тренинг“, соопшти Седлоски.

Вардар и Копенхаген ќе играат во вторник со почеток во 20 часот на арената „Филип Втори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП