19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмето на Тито најзастапено во Македонија и Хрватска

Името на Тито најзастапено во Македонија и Хрватска

Во Македонија и Хрватска има најмногу улици и плоштади со името на Тито.

Џорџо Комаи, италијански експерт за посткомунистички општества и Источна Европа креирал мапа на улици и плоштади кои го носат името на Јосип Броз Тито.

Улиците и плоштадите ги собрал на едно место користејќи ја платформата OpenStreetMap и GoogleMap.

Според него, најголем број улици и плоштади со името на Тито има во Македoнија и во Хрватска. Во БиХ има помалку, на четврто место е Србија, Словенија на петтото и Црна Гора на шестото место во рамки на список на поранешни југословенски републики.

Во Македoнија и во Хрватска тој избројал по 24 улици и плоштади со името на Тито, во БиХ 19, во Србија 15, Словенија 14 и во Црна Гора 7.

Улици со името на Тито денес може да се најдат и во Италија, Бразил, Тунис, Кипар и други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП