25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна реконструкцијата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Центар

Почна реконструкцијата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Центар

Општина Центар започнува со санација и реконструкција на дел од објектот на најстарото општинско основно училиште „Кирил и Методиј“.

Зафатот во ова училиште, кое минатата година прослави 180 години од своето постоење, се однесува на приземниот дел од објектот и ќе ги опфати влезниот хол на училиштето и четири училници наменети за најмалите.

„Во план е проширување на влезниот хол на сметка на двете училници кои беа изведени во холот неопходни за непречено одвивање на наставата. Ќе се изврши рушење на преградните ѕидови во ходникот кои досега служеа како импровизирани соблекувални за спортската сала која ќе се прегради, со што ќе се добијат две нови училници“, соопшти Општина Центар.

Со овој зафат, велат од таму, ќе се врати првобитната функција на објектот, а холот ќе стане место за средби и настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП