20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН ги објави резултатите од конкурсот за прием во ученичките домови

МОН ги објави резултатите од конкурсот за прием во ученичките домови

Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени прелиминарните резултати од конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Сите ученици што се пријавиле на конкурсот за јавните ученички домови се примени, освен во случаите кога не е доставена комплетната документација. По објавување на списоците со рангираните во домовите, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена, кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средните училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27.7.2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа со примени ученици во јавните ученички домови.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28 јули до 4 август или сѐ додека има слободни места за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци со примени ученици по домови.

Учениците што ќе поднессат електронска апликација комплетната документација треба да ја достават од 7 јули до 11 август во Министерство за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП