23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ја менува својата валута

Иран ја менува својата валута

Владата на Иран го одобри преминот од сегашната монетарна единица риал кон новата – туман. Ова го соопшти „ТАСС“, повикувајќи се на агенција „IRNA“ и владиниот секретар Мохсен Хаџи Мирзаеи.

Целта е да се поедностави плаќањето. Еден туман ќе биде еднаков на 10 риали и така во цените ќе биде скратена една нула, појаснува тој.

Прашањето за транзицијата е учење од економска комисија на владата во последните шест месеци. Проектот за реформа е претставен на иранската централна банка во ноември 2016-та година.

Туманот е парична единица, која била во оптек во Персија (старото име на Иран) до 1932-ра година, кога беше заменета со риал. Сега се случува спротивното.

До денес тој се смета за неофицијална монетарна единица во Иран. На банкнотите на Централната банка и цените во продавниците фигурира риалот, но Иранците во секојдневниот говор речиси секогаш го користат зборот туман.

Инфлацијата во последниве години силно го обезвредни риалот. Во моментов еден американски долар се разменува за 39.000 риали, а по промената еден долар ќе чини 3.900 тумани.

Реално со промената Иран врши деноминација со еден знак покрај претходните предлози таа да опфати три или четири нули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП