25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормиран специјален тим за итни интервенции кај социјално ранливите граѓани

Формиран специјален тим за итни интервенции кај социјално ранливите граѓани

Министерството за труд и социјална  формира специјализиран тим кој ќе се справува со итните предмети од ранливите категории корисници на социјални права и услуги во Скопје – деца на улица, бездомни лица, жртви на семејно насилство, нереализирање видувања, питање, полов напад врз деца, малолетничка деликвенција и сите други ризични групи.

Специјализираниот тим ќе биде во функција 24/7, односно ќе биде задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите. Тимот, кој се состои од двајца социјални работници, педагог и психолог, постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви на лицата за контакт – 078 230 943 и 076 381 762.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП